Куманово потврди учество и стана легенда во БИБЛ-лигата

Екипата на Куманово официјално е потврдена како трет македонски тим кој ќе биде дел од новата сезона во регионалната кошаркарска БИБЛ-лига.

Кумановчани заедно со ТФТ играа лани, а во новата сезона им се приклучува и тимот на Академија ФМП. За Куманово ова ќе биде шесто учество во БИБЛ-лигата, а во ланското издание тимот стигна до втората фаза.

Куманово со настапот во БИБЛ во сезоната 2021/22 станува еден од историските клубови на ова натпреварување, затоа што шеста сезона ќе биде дел од регионалната кошаркарска лига.

Ждрепката за новата БИБЛ-сезона ќе се одржи на 26 август во Софија.