Куманово потпиша со Пенов, а ги продолжи договорите со Мекиќ, Тодоровиќ, Ковач и Ѓекиќ

Новата управа на кошаркарскиот клуб Куманово денес го продолжи договорот со Адем Мекиќ. Кошаркарот кој дојде од редовите на МЗТ Скопје Аеродром во Куманово ја продолжи соработката со тимот каде минатата сезона стигна до полуфиналето на македонскиот кошаркарски шампионат.

Куманово исто така се засили со македонскиот кошаркарски репрезентативец Игор Пенов, кој во оваа екипа доаѓа од редовите на МЗТ Скопје. Пенов во својата кариера настапуваше за екипите на Карпош Соколи, АМАК СП, Вардар Осигурување и Кожув.

Управата на Куманово исто така успеа да ја продолжи соработката и со младиот Мидораг Тодоровиќ, кој ќе ги брани боите на оваа екипа и наредната сезона. Добра вест за кумановчани е продолжување на соработката со српските интернационалци Мирко Ковач и Бранислав Ѓекиќ.