Куманово победи по девет порази, Кожув продолжи со кризата

Екипата на Куманово во претпоследниот натпревар од Суперлигата славеше над Кожув (87-64), но и покрај тоа нема шанси да напредува на табелата затоа што „големата четворка“ во мак-баскетот е веќе позната.

Кумановчани немаа победа девет натпревари, но во десеттиот дуел успеаја да грабнт полн плен. Кожув е паднат во криза, затоа што пет натпревари по ред не знае за успех.

Домаќинот лошо го отвори натпреварот и имаше негатива од десет поени по десет минути игра (13-23), меѓутоа се врати, на полувреме го сврте мечот во своја корист (40-36) и оттогаш па се до крајот диктираше темпо. Највисоко што Куманово водеше на оваа средба, беше со осумнаесет поени (67-49 и 83-65).

Најдобар кај победникот беше Ѓекиќ со 23 поени и 14 скока, а Мекиќ заврши со 20 поени, додека кај Кожув, Ивеља и Зекири имаа по 11 поени.