Куманово по Јанески, го обнови договорот и со Караколев

Финалистот во минатата сезона од домашната кошаркарска лига, тимот на Куманово кој по една година пауза по настапите во ФИБА Евро Купот, се враќа во БИБЛ од новата сезона, денес го обнови договорот и со Никола Караколов.

Искусниот бек е втор кошаркар со кој управата на клубот го обнови договорот за уште една сезона, откако пред неколку дена потпис за продолжување на соработката стави и Марјан Јанески. Во следниот период кумановчани ќе се обидат да дојдат до потписот на нови договори и со репрезентативците Караџовски и Костоски, кои минатата сезона го носеја „сино-белиот“ дрес, но за нивните услуги сега владее интерес и од неколку други екипи.

Тренерот Србиновски, кој исто така остануваа во клубот, во следниот период ќе има доста работа во составување на играчкиот кадар, а според информациите пред се ќе се тргува на пазарот со домашни кошаркари.