Куманово не ѝ платил на МКФ и службено го загуби мечот со Кожув!

Екипата на Куманово се соочува со проблем, затоа што Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го суспендираше тимот поради долгови и кумановчани службено го загубија мечот со Кожув.

Мечот кој требаше да се игра во Гевгелија завршува со службена победа на домаќините, затоа што Куманово не ја испочитува(л) наредбата да биде платена една од ратите кои се должат до стартот на мај.

Сега, Куманово е во голем проблем, затоа што евентуален втор службен пораз, ќе значи и преселба во понизок ранг.