Куманово ја засили центарската позиција со повратникот Андрејевиќ

Македонскиот прволигаш Куманово договори уште едно засилување за следната сезона. Во клубот се враќа српскиот кошаркар Александар Андрејевиќ, кој за кумановчани е познат по настапите за тимот во 2015 година. 

29-годишниот центар има долгогодишно искуство настапувајќи во македонската кошаркарска елита и покрај за Куманово ги има носено дресовите на АВ Охрид, Пелистер и Струмица.

Исто така во својата кариера го бранел боите уште на Здравје, Раднички, Спартак, Ибар Рожаје, а во Куманово доаѓа од Леотар, каде ја мина претходната сезона.

Андрејевиќ е третото ново име на Куманово ова лето и се очекува да биде големо засилување под обрачите за тимот предводен од Мирковски. Претходно македонскиот прволигаш го засилија американските интернационалци Хулио Гуити и Џош Селби.