Куманово го загуби „своето“ дете, Лука Димитриевски замина од клубот

Кошаркарскиот клуб Куманово за следната сезона остана без плејмејкерот Лука Димитриевски. 

22-годишниот кошаркар му се заблагодари на клубот и навивачите и најави нова етапа во својата кариера. Се работи за плејмејкер кој е дете на Куманово и дебитираше во првиот тим уште на 16 години во сезона 2020/21. Оттогаш пет сезони беше дел од клубот, а имаше и авантура во Водно Санс.

Сега младиот организатор на играта се реши дека е време за нов предизвик. 

Инаку, Димитриевски е поранешен младински репрезентативец на Македонија. Ова момче настапуваше на две Европски првенства во А-дивизијата во генерациите до 18 и до 20 години.