Куманово донесе супер-засилување, потпиша со Рејли-Рос од Црн Дрим

Во пресрет на македонското дерби во Балканската БИБЛ лига против ТФТ Тафталиџе, екипата на Куманово доведе големо засилување. Имено, од вечерва нов член на кумановчани е Американецот Коли Рејли-Рос, кошаркар кој на почетокот од шампионатот настапуваше за струшки Црн Дрим. 

29-годишникот од Шарлот има големо искуство од настапи во Европа, бидејќи 191-сантиметри високиот бек настапуваше во Шпанија, Естонија и Германија.

Тренерот Владимир Мирковски веќе има силен тим, откако ги доведе Американците Хулио Гуити и Џош Селби. Србите Андрејевиќ и Глигоријевиќ исто така потпишаа за Куманово, а во сениорскиот тим беа прекомандувани талентираните младинци Милош Јовановиќ, Лука Димитриевски, Матеј Антевски и Душан Аврамовски.