Куманово донесе двајца нови кошаркари

Кошаркаркиот клуб на Куманово денес официјално се засили со уште двајца кошаркари во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Станува збор за српскиот интернационалец Филип Думиќ и македонскиот кошаркар Мето Бешлиовски.

Филип Думиќ кој е роден во 1990 година и настапува на позиција плејмејкер. Во неговата кариера има настапувано за повеќе тимови од Србија, Константин Ниш, Борац Чачак, Јединство, Вршац и Младост, како и за тимот на Темишвар од Романија. 

Во ростерот на Куманово во наредната сезона ќе биде и Методија Бешлиовски кој е роден 1996 година и е висок 201 сантиметар настапува на позиција крилен центар. Потекнува од школата на Вардар,а во својата кариера има настапува за Фени Индустри и Карпош Соколи.