• Зоран Мишевски

Нема време за одмор за екипите кои се дел од полуфиналето на плеј-офот. По три дена пауза, се повторно на теренот, календарот вели дека во наредните два дена на распоредот се нови натпревари, втори во серијата „подобар од пет натпревари“. Уште еднаш во улога на домаќини, поради системот, и предноста која ја стекнаа во регуларниот дел од сезоната, ќе бидат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ Скопје.
Вечерва, од 18:30 часот, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, актуелниот бранитле на титулата, екипата на МЗТ Скопје го дочекува МКК Куманово. Секако, во обид да стигне и до вториот триумф во серијата, со кој доста „помирно“ ќе се пресели во Куманово, каде следува најмалку едне меч.
Ако се „мери“ спород прикажаното на онаа прв средба, извесно е дека „металците“ се во уште подобра позиција да ја оправдаат онаа улога на фаворит. Подолгиот играчки ростер, но и „знаењето“ на играње на вакви натпревари се веројатно и најголемите предности за аеродромци, секако, иако, и дефинитивно, никако не смее да се занемари и оној кој доаѓа од трибините.
Неиграњето на еден важен играч од стартната петорка, како Тадиќ, ги намалува шансите на кумановчани за евентуално изненадување на второто, по ред, гостување во Скопје.