Куламае: Мечот со Македонија беше најлуд во мојот живот

Куламае

Последниот меч од квалификациите за Европското првенство 2022 година донесе пирова победа за Македонија на дуелот со Естонија. Конечниот резултат беше поволен за ривалот, кој успеа да оствари голем успех и се пласира на големото натпреварување.

Кристијан Куламае беше дел од прес-конференцијата по мечот и рече дека дуелот со македонската репрезентација ќе остане во негово сеќавање цел живот.

„Мислам дека ова е најлудиот меч во мојот живот, иако на крај загубивме. Го направивме ова за нас и нашата држава. Покажавме дека имаме талент и голем потенцијал. Сега треба напорно да тренираме и да покажеме дека сме подготвени за ниво на квалитет какво што бара Евробаскетот.

Имаме одлична хемија, една од најдобрите во Европа. Одигравме турнир како тим, немаше место за индивидуалци. Тешко беше пред мечот, бевме нервозни бидејќи знаевме што можеме да добиеме, но и да загубиме“ , рече естонскиот кошаркар.

Естонците чекаа шест години за да се пласираат на нов Евробаскет. За нив тоа ќе биде шесто учество во историјата.