Кубански кошаркар потпиша за Валенсија на само еден месец!

Кубанскиот кошаркар Хасиел Риверо потпиша официјален краткорочен договор на еден месец со шпанскиот клуб Валенсија. За него тоа е враќање во позната средина, бидекќи Риверо веќе настапуваше за Валенсија во периодот од 2021 до 2023 година. Тој пристигнува како слободен агент откако ја заврши соработката со Црвена звезда.

Неговиот едномесечен ангажман е предвиден за да му помогне на тимот за време на претсезонските подготовки и почетните натпревари, пополнувајќи ги празнините со отсутните играчи. Во зависност од неговите настапи, клубот ќе одлучи дали ќе му понуди долгорочен договор.

Валенсија играше на завршниот турнир на Евролигата, а во шпанското првенство загуби во финалето на плеј-офот од Реал Мадрид.