Крстевски: Не одигравме толку лошо да загубиме двоцифрено во Украина

Во име на Македонија по натпреварот против Украина говореше капитенот Бојан Крстевски. Најефикасниот играч кој постигна 14 поени истакна дека играта на нашиот национален тим не била толку лоша како што е двоцифрениот пораз и резултатот во Киев.

„Сакам да честитам на Украина за победата. Одигравме доста добро прво полувреме, лошо не продолживме така во ист ритам. Немавме коненрација, посебно неколку минути. Така беше и со Шпанија. Мораше да бидеме 40 минути на ниво ако сакавме да победиме. Не одигравме толку лошо да загубиме со висока разлика. Но, се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри и ќе растеме како тим“, изјави Крстевски.

Македонија покрај од Украина во ноемврискиот прозорец на ФИБА загуби и од Шпанија. Квалификациите за Мундијалот продолжуваат во месец февруари кога се гостува кај Грузија.