• Иван Димовски

Бојан Крстевски беше еден од најискусните во таборот на Македонија на гостувањето во Тбилиси кај Грузија, но ниту тој не успеа да помогне да се избегне пораз (91-70). Грузијците ѝ го нанесоа третиот квалификациски неуспех на Македонија на патот кон Мундобаскетот, а време за одмор нема.
Самиот Крстевски ѝ честиташе на Грузија за победата и ја анализираше играта на Македонија.
„Честитки на Грузија за заслужената победа. Не бевме доволно агресивни. Тие најдоа решенија за нашата одбрана и начин да постигнат лесни поени. Ако се согледаат сите работи со младите играчи и без многу играчи, се покажавме добро. Жал ми е што на ниту еден натпревар не бевме комплетни, но тоа е шанса за младите да се докажат“, изјави Крстевски.
Веќе в недела во Скопје во арената „Борис Трајковски“ ќе се одигра реванш дуелот на двете селекции. Македонија од 20:00 часот ќе ја дочека Грузија со надеж за прв позитивен резултат во овој квалификациски циклус.