Крстевски е новиот капитен: Мора да се фокусираме на сегашноста

Бојан Крстевски е еден од носителите на играта во оваа Македонија, која стартува во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2023 година против Шпанија. Пред дуелот со „фуријата“, играчот кој ќе ја понесе улогата на капитен на следните два натпревари истакна дека тимот мора да се фокусира на сегашноста и на она кое располага.

Повеќе од пет играчи нема да бидат во комбинација за селекторот Бајиќ. Најновите информации се дека Љубомир Младеновски и Стојан Ѓуроски нема да играат и со Шпанија и со Украина.

„Имавме пократок времнски период за разлика од летото и имаме една изменета екипа. Не сме комплетни, меѓутоа тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на она кое го имавме и располагавме и на сегашноста. На нас е едноставно да излезме на терен максимално ангажирани и борбени, да ги исполниме задачите на селекторот и да се претставиме во најдобро светло. Секоја чест за Шпанија, но ние не се предаваме.“, изјави Крстевски.

Дуелот меѓу Македонија и Шпанија кој е прв во мундијалските квалификации се игра в петок од 19:30 часот.