Кризата на Лос Анџелес Лејкерс му носи отказ на Френк Вогел?

Вогел

Тимот полн со ветерани започна разочарувачки во новата сезона. Лос Анџелес Лејкерс не наликува на екипа која би можела да се избори за титула на крајот од сезоната.

Тоа би можело да значи крај на соработката меѓу „езерџиите“ и Френк Вогел. Специјалистот за одбрана донесе една титула, но се чини нема капацитет да го извади максимумот од овој ростер.

Започнаа шпекулации дека челниците на клубот размислуваат за нова алтернатива на тренерската позиција. Десет победи на 21 натпревар се далеку од очекувањата на славната франшиза на почетокот од сезоната.

Многу веројатно е дека Вогел ќе добие шанса да го поправи впечатокот до крајот на годината. Ако тоа не се случи, неминовно е дека ќе ја заврши авантурата во Лос Анџелес.