Крива Паланка убедлива против вардарки, лесна победа и за Баскет кам

Уште една доминантна игра прикажаа кошаркарките на Крива Паланка. Во најинтересниот дуел од 5. коло од „Оролоџо“ фазата на женскиот кошаркарски шампионат на Македонија, гостинските кошаркарки без проблеми стигнаа до уште еден триумф. Беа многу подобри од екипата на ЖКК Вардар и славеа со 63-84.

Со ново ефикасно издание блесна Американката Робинсон, која заврши со ефект од 34 поени, осум скока и пет асистенции.

Едно добро одиграно полувреме им беше потребно на кошаркарките на Баскет кам да стават крај на серијата на порази и да бидат победници во натпреварот на гостински терен, против екипата на Пробаскет (50-66).

Уште еднаш, централна фигура во играта на Баскет кам беше Димова, која застана на скор од 25 поени. Ја следеше Максимовска, која постигна 14.поени, додека Адамовска дополни со 9 поени.

Прва лига (ж)
Оролоџо лига
Петто коло:

Пробаскет – Баскет кам           50-66
ЖКК Вардар – Крива Паланка         63-84
Бадел 1862 – Спорт тим           82-58
МЗТ Бела вода – Патриот 2016          47-61