Крива Паланка убедлива и во Аеродром, се зацврсти на врвот со „пет од пет“

Екипата на Крива Паланка е единствената непоразена и по шест одиграни кола во Првата женска кошаркарска лига. Во шестиот круг на натпреварите тимот од Крива Паланка стигна до лесна, и убедлива победа на гостински терен кај МЗТ Скопје Аеродром (68-104), за максимални пет победи во исто толку одиграни натпревари.

Гостинките беа предводени од „трилингот“, Робинсон која дојде до бројката од 36 поени, Меклејни која реализираше 29, и Алексовска која дополни со уште 25 поени.

Бадел 1862 и Вардар одиграа доста интересен натпревар во кој, гостинската екипа имаше предност само во првата четвртина, а на крајот се радуваа домашните кошаркарки (70-64). Петрушевска стигна до двоен ефект, реализираше 22 поени, имаше и 13.скока, и по три асистенции и загубени топки.

Прва А лига (ж)
Шесто коло:  

Патриот 2016 – Пробаскет        82-59
МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка      68-104
Бадел 1862 – Вардар       70-64
Слободен: Баскет Кам 2011

Прва Б лига (ж)
Шесто коло:  

Риниа – Гостивар 2009   84-57
Шкупи – Охрид      50-34
Јан Бор – Спорт тим         44-79
Слободна: Струга 2009