• Зоран Мишевски

Кошаркарките на Крива Паланка, во последниот натпревар од шестото коло на Првата женска лига, го совладаа тимот на Бадел со 64-58.
Домашниот тим во текот на целиот натпревар имаше предност еднаш и двоцифрена (32-21), додека на почетокот на вториот дел Бадел се доближи само на еден негатива (38-37). Најефикасна на дуелот беше Алексис Пул (К.Паланка) со 32 поена и 11 скокови.
Со овој триумф екипата на Крива Паланка се изедначи бодовно на врвот на табелата со првакот Баскет Кам и Вардар. Трите екипи имаат по 11, бодови, додека Бадел по поразот има 10 бодови и е на четвртото место.