• Зоран Мишевски
Екипата на Крива Паланка е третиоттим која обезбеди пласман во полуфиналето на плеј-офот во Првата лига-жени.
Во вториот меч од четвртфиналето девојките кои од клупата ги предводи младиот тренер Виктор Петровски беа уште поубедливи против екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Стигнаа до повеќе од убедлив триумф од 80-50, со кој ја затворија серијата со максимални 2-0 и премин во следната фаза во која ќе го чекаат подобриот од последната четвртфинална серија во која шампионот, Баскет кам 2011 има предност од 1-0 против делчевски Патриот 2016.
Капитенот Михаела Алексовска беше прв стрелец во победничката екипа, дојде до 21.поен, а Американките Мазук, МекКала и Хоукинс ја следеа со 18, со 16, односно со 12 поени.
А во последниот меч за МЗТ Скопје Аеродром во оваа натпреварувачка сезона, Томас реализираше 13, а Митева имаше уште 11 поени.
Утре, од 17:00 часот, во салата „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево, својот втор меч од четвртфиналната серија го играат екипите на Патриот 2016 и Баскет Кам 2011.