• Зоран Мишевски

Само уште една победа ги дели кошаркарките на Крива Паланка од освојувањето на првата шампионска титула во сениорска конкуренција, откако вечерва на свој терен во салата „Бранители 2001“ по вторпат излегоа како победнички во вториот натпревар од финалната серија на плеј-офот против екипата на Бадел 1862 (88-76).
Робинсон испорача 26 поени (три скока и две асистенции). Ниехуес направи уште еден „дабл-дабл“ ефект, изразен со 19 поени и 18 скока (дополнети со шест асистенции). Алексовска уфрли 18 поени (имаше и четири скока), а Грин еден.поен повеќе, дополнети со десет скока и седум асистенции.
Во екипата на Бадел 1862, која ќе биде домаќин на третиот меч од серијата, Фримен постигна 27 поени (плус 11, скока и 4 асистенции), Клири имаше 23 поени и 12 скока, а Чолакоска заврши со 15 поени (осум скока и пет асистенции).