Крива Паланка ќе го предизвика Баскет Кам во шестиот Суперкуп на Македонија

По пет одиграни изданија, женскиот Суперкуп има своја историја, свои шампиони и своја традиција. Првиот трофеј, во 2021 година, го освои Бадел 1862, а потоа започна серијата на Баскет Кам, кој четири години по ред – од 2022 до 2025 година – го освојуваше престижниот трофеј.

Сега е време за ново поглавје. Во шестото издание, за трофејот ќе се борат Крива Паланка, шампионот на Македонија, и Баскет Кам, актуелниот освојувач на Купот на Македонија. Екипата од Македонска Каменица во досегашната историја има четири Суперкуп-трофеи, додека Крива Паланка ќе има можност за својот прв. Историјата е на страната на Баскет Кам 2011, но секое ново издание носи нова приказна, нова енергија и нова можност за трофеј.

Крива Паланка – Баскет Кам ќе биде дуелот кој ќе го отвори новото поглавје од ова натпреварување. Натпреварот ќе се одигра на 3 октомври (сабота), од 18:00 часот, во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка.