• Зоран Мишевски

Екипата на Крива Паланка е вториот финалист на плеј-офот во женскиот кошаркарски шампионат на Македонија. Во третиот натпревар од полуфиналната серија, кошаркарките од Крива Паланка беа многу поодобри од Бадел 1862, славеа со повеќе од убедливи 80-55, за конечни 2-1 во серијата.
Место во големото финале изборија за првпат во својата историја на постоење на клубот, каде ги чека серија со актуелниот бранител на шампионскиот пехар, екипата на Баскет кам која, претходно, во два натпревари го елиминираше МЗТ Скопје Аеродром.
Силен почеток имаа домашните кошаркарки, уште во раната фаза од мечот обезбедија висока предност од 25-9, а веќе на полувремето таа разлика беше скоро двојна (40-21). Кога и стана јасно дека „баделки“ немаа сили за уште едно изненадување во овој серијал.
Робинсон беше прв стрелец во победничкиот тим, постигна 28 поени, Меклејни имаше 19. реализации, а капитенот Алексовска додаде 13 поени. На другата страна од теренот, капитенот, Маркоска, запиша 13 поени зад своето презиме, а Петрушевска заврши со 10 реализирани поени.