• Мартин Танасковски

Екипите на Бадел 1862 и на Крива Паланка ќе одиграат уште еден, трет натпревар во полуфиналето на плеј-офот за да одлучат кој ќе игра во големото финале и ќе се стекне со прилика да атакува на шампионскиот трофеј.
„Баделки“ славеа со минимални 83-82 во вториот меч од оваа серија против Крива Паланка, па викендов двете екипи ќе одиграат уште еден по кој ќе стане јасно кој ќе игра во финалната серија која го дава шампионот во женска сениорска конкуренција.
Денеска, од 16 часот, во салата „Независна Македонија“ во Скопје, својот втор меч од полуфиналето ќе го одиграат екипите на Баскет кам и МЗТ Скопје Аеродром.
На првиот меч во Македонска Каменица, актуелниот бранител на трофејот стигна до убедлив триумф (74-42) и поведе со (1-0) во серијта „подобар во три натпревари“.