• Горан Упале

Кошаркарките на Крива Паланка се радуваат на првиот трофеј од кошаркарскиот Суперкупот „Драган Василов – Цевка“, откако го совладаа Баскет Кам со 63-51.
Дуелот започна во израмнет ритам, па по првите десет минути Крива Паланка имаше само минимална предност од 15-14. Клучниот период следуваше во втората четвртина, во која актуелниот шампион ја зацврсти одбраната, направи серија и на пауза замина со големи 14 поени предност (37-23).
Баскет Кам во продолжението се обиде да се врати во натпреварот, но не успеа да најде решение за играта на противникот. Крива Паланка искусно ја одржуваше разликата и во последните две четвртини, па на крајот заслужено славеше со 63-51.
Прво име кај победничкиот состав беше Гордон со 23 поени, осум скокови и четири асистенции. Кај Баскет Кам, Адамовска запиша 21 поен и девет скокови.

