• Зоран Мишевски

Кошаркарките на Крива Паланка ја оправдаа улогата на фаворит и на гостувањето во кавадаречки „Јасмин“ дојдоа до својата четвртта победа која ги става на делба на највисоката позиција на табелата. Совладан е тимот на Пробаскет со 59-82, во натпревар со многу поени и грешки.
Капитенот Михаела Алексовска постигна 25 поени (плус осум асистенции и пет скока), Пул даде 23 (имаше и 13.скока), а Грин уште 18 поени (девет асистенции и пет скока) за гостинскиот тим.
Кај домашниот тим Јовановиќ беше единствената со двоцифрен број на поени – вкупно 12.
Крива Паланка, Бадел 1861, Баскет кам и ЖРК Вардар се водечки со скор од четири победи и еден пораз.