Крива Паланка го изненади МЗТ Скопје на стартот на женскиот кошаркарски плеј-оф

Стартуваа четвртфиналните серии од плеј-офот и во женскиот сениорски шампионат на Македонија. Првите натпревари донесоа една гостинска и две домашни победи, за оваа втора фаза добие на уште поголема неизвесност.

За првото изненадување се погрижија кошаркарките на Крива Паланка кои направија „брејк“ на гостувањето во Скопје каде беа подобри од МЗТ Скопје Аеродром со резултат 70-65. Алексовска реализираше 21, Мек Кала ја следеше со 20, а Мазук додаде уште 15 поени за гостинската екипа која сега има почетна предност во серијата.

Почетно водство во серијата имаат и кошаркарките на Куманово-Гризли. Тие беа убедливи на свој терен во првиот меч против екипата на Бадел 1862 со резултат 72-56. Алексиќ постигна 24 поени за домашната екипа, Муса имаше 15, а Камп уште 10 поени.

Прва лига (жени):
Плеј-оф - први натпревари:

Вардар – Пробаскет        84-54 (1-0)
МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка      65-70 (0-1)
Куманово-Гризли – Бадел 1862          72-56 (1-0)
19:00: Баскет кам 2011 – Патриот 2016