Крива Паланка го доби драматичното дерби со ЖКК Вардар

Возбудлив и максимално неизвесен натпревар викендов одиграа кошаркарките на ЖКК Вардар и на Крива Паланка, во кој на крајот победата ја однесоа гостинките од Крива Паланка (96-98).

Дијани Робинсон реализираше неверојатни 54 поени за екипата на Крива Паланка во дерби дуелот од третото коло против ЖКК Вардар. Капитенот алексовска постигна 15, а другата Американка во гостинската екипа, Меклејни додаде уште толку. Репрезентативката Илина Селцова, која во меѓувреме се врати во „црвено-црниот“ ростер, заврши со 23 поени, другото репрезентативно име во екипата на ЖКК Вардар, Елена Тасевска даде 22 поени, додека капитенот Зафировска и Матие, беа стрелци на по 15 поени.

До трета победа во сезоната дојде и бранителот на шампионскиот трофеј. Баскет Кам немаше никакви проблеми на гостувањето во Кавадарци, каде лесно го победи Пробаскет (89-58).

Тренерот Жаклина Стојановска им даде „одмор“ на стандардните пет, а своите минути ги искористи Ива Дојчинова која дојде до 26 поени, делумно и Ѓуковиќ која додаде 10 поени. Исто толку поени имаше и Кметовска, додека со 12 поени, во гостинската екипа заврши Димова. Во домашниот табор, Стоева постигна 23, а Мегленова уште 16 поени.

Прва А лига (ж)
Трето коло:

Пробаскет – Баскет кам 2011   58-89
ЖКК Вардар – Крива Паланка    96-98
Патриот 2016 – МЗТ Скопје Аеродром   72-62
Слободен: Бадел 1862 

Прва Б лига (ж)
Трето коло:

Гостивар 2009 – Пониква 2022            61-37
Јан Бор – Струга 2009      37-76
Спорт тим – Охрид           67-41
Риниа – Шкупи       52-63