Крис Пол треба да се откаже од милиони за да се пресели во ЛА Лејкерс

Лејкерс

Неуспехот со Феникс Санс во овогодишното финале за Крис Пол носи дилема поврзана со неговата иднина.

Веќе се шпекулира каде ќе игра ветеранот во следната сезона. Многумина го гледаат во Лос Анџелес Лејкерс, каде ќе ги здружи силите со Леброн Џејмс во обидот да стигне до прв шампионски прстен.

Меѓутоа, доколку се одлучи за таков чекор, ќе остане без голема сума загарантирани пари. Трансфер во „Стејплс Центар“ ќе му донесе скромна годишна плата од 9,5 милиони, колку што се способни „езерџиите“ да му платат при евентуална соработка.

Најдобро за него ќе биде да остане во Аризона. Клаузула од договорот му гарантира заработка од 44,5 милиони во следната сезона.

Прашање е само дали Феникс ќе може да ја повтори оваа сезона. Секако дека покрај Леброн и Ентони Дејвис ќе има поголеми шанси за трофејот, па останува да видиме кој ќе биде неговиот приоритет.