Крис Пол објави крај на кариерата по експресниот отказ во НБА!

Легендарниот плејмејкер Крис Пол е официјално отпуштен од составот на Торонто Репторс и неговиот договор е суспендиран, јавија американските медиуми.

Како резултат на овој потег, Пол доби статус на слободен играч, но веднаш потоа најави крај на својата богата кариера, иако се очекуваше да продолжи во друга НБА екипа. 

Пол, кој започна како еден од најдобрите плејмејкери во НБА и има многу години искуство на највисоко ниво, оваа сезона имаше скромна улога на теренот, но сепак останува значајна фигура во кошарката. Неговиот престој во Торонто траеше само неколку дена, а клубот одлучи да го ослободи од договорот пред крајот на рокот за трансфери.

Својата НБА авантура ја започна во Њу Орлеанс Хорнетс, а најголем печат остави како играч на Лос Анџелес Клиперс, каде настапуваше цели седум години. Потоа играше за Хјустон, Оклахома, Феникс, Голден Стејт и Сан Антонио. 

Неговиот севкупен просек во НБА лигата изнесува 16,9 поени. Многупати играше во НБА плеј-офот, но ниту еднаш не се закити со шампионскиот прстен од најсилното светско натпреварување.