Крис Пол нема да заигра во Оклахома и веднаш ќе замине за Мајами!?

Крис Пол

Вчера одекна веста дека Расел Вестбрук ќе го засили тимот на Хјустон во замена за Крис Пол и два пика на драфтот.

Ваквиот расплет на настаните не му одговара на Пол кој сака да победи во наредните неколку сезони бидејќи има 34 години. Исто така, управата на Тандерси нема намера да му ги исплаќа милионите за три години, кои што требаше да ги му ги даде на Вестбрук за четири сезони.

Поради тоа веднаш започнаа шпекулации дека ветеранот би можел да замине во Мајами. Тимот се засили со Џими Батлер и сигурно нема да има против во своите редови да го има искуството на деветкраниот „ол-стар“ играч.

Пол пристигна во Тексас пред две години, а претходно по шест сезони настапуваше во Њу Орлеанс и Лос Анџелес Клиперс.