• Иван Димовски
Легендарниот плејмејкер Крис Пол откри дека сезоната 2025/26 веројатно ќе биде последна во неговата богата кариера. По 20 сезони и над 1.500 одиграни натпревари во НБА, 40-годишниот ветеран планира да стави крај.
„Би играл најмногу уште една година. Само што ја завршив својата 20. сезона, што само по себе е благослов. Повеќе од половина живот минав во НБА, ама сите години кои ги пропушташ од животот со децата и семејството не се враќаат“, прокоментира Пол.
Како слободен агент тој разгледува опции за клуб поблиску до семејството во Лос Анџелес. Во игра се Клиперс, Финкс и Милвоки.
Пол е четирикратен член на најдобрата во сезоната, во 12 наврати беше дел од Ол-стар тимот, а со репрезентацијата на САД е двоен олимписки шампион, но без освоена титула во НБА.
ФОТО/PHOTO: San Antonio Spurs/Twitter