„Кралски“ триумф во фото-финиш, Реал го сочува врвот

Реал Мадрид се намачи, но го совлада Макаби Тел Авив (72-70) во последниот денешен натпревар во Евролигата и тоа во неизвесен финиш.

„Израелската гордост“ покажа карактер на овој натпревар. Беше во водство скоро во целиот меч со исклучок на првиот квартал, но на крајот остана со празни раце. Реал Мадрид режира пресврт кога од 65-67 влезе во серија и со пет поени го сврте дуелот во своја корист.

Ертел и Јабуселе беа автори на по 15 поени, пред Поирие со 11 поени, додека кај Макаби, Вилбекин постигна 14 поени. Реал Мадрид е на врвот во Евролигата со скор 11-2. Има шест победи во низа.