ВИДЕО: „Кралски“ танц во Тел Авив, Баерн се прошета со Дарушафака

Екипата на Реал Мадрид ја продолжи победничката низа и по шест кола има шест победи. Значаен триумф „кралевите“ забележаа во Тел Авив, каде беа подобри од Макаби со високи 66-87.

Големиот фаворит и лидер во Евролигата продолжи да „танцува“ во свој препознатлив стил, а ралзиката на теренот меѓу двата тима беше евидентна. Неизвесно беше само по првиот период, а потоа следеше експлозија на Реал Мадрид, и предност од +20 (21-41), која Макаби цел меч ја бркаше.

Најдобар кај Реал Мадрид беше Серхио Љуљ со 17 поени, Џејси Керол реализира 16 поени, додека кај Макаби Тел Авив, единствена светла точка беше Џони О'Брајант со 17 поени.

Убедлив триумф забележа и Баерн Минхен, кој на домашен терен во својата сала „Ауди“ со 116-70 ја декласира Дарушафака. Домаќинот беше подобар во сите четири периода, а во сите даде над 20 поени и имаше ефикасен напад, посебно во вториот и третиот квартал во кој се дадоа по 33 поени.

Најдобар стрелец кај Баерн беше Девин Букер со 18 поени, додека Копонен и Џедовиќ дадоа по 16 поени, а кај гостинот од Турција кој беше декласиран, Џереми Еванс беше најрасположен со 20 поени.