„Кралска“ доминација на теренот на Басконија, ПАО го сопре Зенит

Руди

Реал Мадрид ја потврди првата позиција и убедливо го доби шпанското дерби во 12. коло од Евролигата против Басконија (60-88). Тимот на Пабло Ласо започна силовито и не погледна назад. Веќе по едно полувреме имаше огромна позитива, која ја задржа со рутинска игра во продолжението. 

  • Басконија - Реал Мадрид 60-88:

Најефикасни на мечот беа Енох и Фонтекио кај домашната екипа со по 14 поени. Кај гостите Косер постигна 13, а Хуертел го заврши мечот со 12 поени.

Домашниот терен го искористи Панатинаикос за да стави крај на победничката серија на Зенит (70-64). Грчкиот гигант имаше негатива по воведните дваесет минути, а потоа ја зацврсти играта во одбрана и одговори на најдобар можен начин во второто полувреме. Недовиќ и Папајанис со по 18 поени се истакнаа во редовите на ПАО.

Изненадување приреди Алба Берлин на домашниот дуел со Макаби Тел Авив (91-86). Одличното прво полувреме беше доволно германскиот тим да ја оствари четвртата сезонска победа. Вилбекин со 22 поени беше прво име меѓу стрелците.