• Саше Љолес
Серж Ибака нема намера да ја заврши својата богата кошаркарска кариера. Центарот на шпанската репрезентација имаше неколку богати понуди од арапскиот полуостров, но сепак ќе заигра за најславниот клуб во Европа, Реал Мадрид.
Ибака минатата сезона играше за Баерн Минхен, каде просечно бележеше по 12,6 поени во Евролигата, а „кралскиот клуб“ му понуди договор веднаш откако замина одд Германија. Шпанецот еднаш во минатото играше за Реал, но тоа беше за време на „локаутот“ во НБА лигата и се задржа во Мадрид само два месеца.
Во кариерата настапуваше за Оклахома, Орландо, Лос Анџелес Клиперс, Милвоки, Торонто, Манреса, Хоспиталитет, Интер Клуб и Аква Калиенте Клиперс. 34-годишниот Ибака со себе носи огромно искуство, какво што Реал Мадрид секогаш посакува.
Во сезоната 2018/19 Ибака беше еден од клучните играчи во ростерот на Торонто Репторс, а во финалната серија од НБА лигата триумфираше над Голден Стејт Вориорс и го освои единствениот шампионски прстен во кариерата.