ВИДЕО: Леброн со трет „трипл-дабл“ во низа, Кливленд лесно се справи со Вашингтон

Ноќва се одиграа само два натпревара во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА, на кои Кливленд и Индијана запишаа нови победи. 

Вицешампионот го забележа својот 13. триумф во последните 14 средби, а повторно прво име беше Леброн Џејмс. „Кралот“ во победата на својот тим над Вашингтон од 106-99 учествуваше со нов „трипл-дабл“ (негов трет во низа). 

Џејмс зад своето име запиша скор од 20 поени, 15 асистенции и 12 украдени топки, а голема помош доби од Кевин Лав, кој со 25 поени беше најпрецизен во редовите на Кливленд. Кај поразената екипа се истакна Бредли Бил со 27 поени, а солиден беше и Мајк Скот со 19 поени и по четири скока и асистанции. 

За Леброн ова е негов втор „трипл-дабл“ хет-трик во својата кариера, по оној на почетоците на кариерата во 2008 година.  

Кошаркарите на Индијана полесно од очекуваното извојуваа нова победа во НБА лигата, откако на гости беа поуспешни од Бруклин Нетс (97-109). 

Победникот на мечот беше решен во втората четвртина, кога Индијана ја направи клучната разлика, која во останатите минути само искусно ја чуваше. Оладипо со 26 поени беше прв поентер каај победничката екипа, додека во редовите на Нетси најпрецизен беше Креби со 17 поени.