„Кралот“ остана жив: Реал со нов супер-пресврт се избори за „мајсторка“ против Ефес!

Реал

Анадолу Ефес беше блиску да стане вториот полуфиналист во Евролигата, но одново испушти висока предност во финишот и загуби кај Реал Мадрид (82-76). Тоа значи дека патникот на завршниот турнир ќе се одлучува на „мајсторката“ во Турција.

Домаќинот започна одлично, но попушти во втората четвртина. Одбраната на „кралевите“ потфрли и му дозволи на ривалот да постигне 34 поени. Тоа Ефес го искористи за да направи солидна разлика на паузата (36-47).

Најава за новиот пресврт се случи во третиот период, кога домашните кошаркари заиграа на посакуваното ниво. Нивниот почеток на вториот дел донесе надеж за фановите, но тоа траеше само пет минути. Гостите се вратија во игра и ја задржаа предноста во пресрет на завршната четвртина.

Очекувано се играше со мал број поени во финишот. Турскиот тим одигра рутински и не ја повтори грешката од минатиот натпревар. Избраниците на Пабло Ласо не беа подготвени да ѝ кажат збогум на тековната сезона. Во еден момент резултатот на семафорот гласеше 74-73, по една серија на домашната екипа од 9-0. Абалде со тројка донесе трошка надеж за мадриѓани, која во триумф на крај ја претвори Руди Фернандез од линијата за слободни фрлања.

Бубоа и Гаруба беа најефикасни на теренот со 23 поени, а со 22 поени запиша Ларкин. Последното соочување на овие два ривали е во Истанбул на четврти мај,