ВИДЕО: „Кралот“ Леброн ја сруши Минесота, ниту блескавиот Дончиќ не му помогна на Далас

Лука Дончиќ одигра уште една одушевувачка партија, но неговиот Далас Маверикс загуби на гостувањето кај Јута со 117-102. Словенецот мечот го заврши со 24 поени. Мичел со 23 поени беше прво име кај победничките „џезери“.

Леброн Џејмс го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до тешка победа против Минесота со 114-110. Малку недостигаше „кралот“ да запише „трипл-дабл“, бидејќи дуелот го заврши со 24 поени, десет скока и девет асистенции.

Одличен натпревар одиграа и Кајл Кузма и Џош Харт со по 21 поени и Брендон Инграм кој постигна 20 поени.