„Кралевите“ по 38 години се европски прваци надвор од Шпанија

Gol.mk на кошаркарски Final Four во Белград

За првпат по 38 години Реал Мадрид е европски првак во кошарка надвор од Шпанија. „Кралскиот клуб“ вечерва по десетти пат стана континентален владетел, но конечно ја отфрли етикетата дека знае да игра само на домашен терен.

Имено пред 25 години во Сарагоза со Обрадовиќ на клупата и пред три години со сегашниот тремер Лас во Мадрид, трофејниот клуб од Мадрид стануваше европски првак на шпанско тло. Последен пат надвор од  Пиринеите се радуваше во 1980 години во Берлин со победата во финалето над Макаби Тел Авив.

Оваа генерација на Реал Мадрид играше во 16 од 20 финалиња меѓу шпанската Ендеса лига, Куп на Кралот и Ф4 на Евролигата.