Крај на сагата, познат е новиот клуб на Никола Миротиќ

Никола Миротиќ го напушта тимот на Олимпија Милано после две години престој во Италија и ќе ја продолжи кариерата во редовите на францускиот гигант, Монако. 

Информацијата ја сподели новинарот Тео Кинтар, кој тврди дека Миротиќ потпишал двегодишен договор (2+1 година) и ќе се приклучи на тимот по завршувањето на актуелната сезона. 

Монако добива огромно засилување во неговото име. Просечниот учинок во Евролигата изнесуваше 17,7 поени, 6,4 скока и две асистенции по натпревар. Францускиот тим две години во низа обезбедува учество на завршниот турнир во елитното натпреварување. 

За време на престојот во Милано, Миротиќ не успеа ниту еднаш да стигне до евролигашкиот плеј-оф, а оваа сезона ја делеше соблекувалната со нашиот Ненад Димитријевиќ. Шпанецот има исклучително богата кариера, настапуваше за Реал Мадрид и Барселона, а исто така играше за Чикаго, Њу Орлеанс и Милвоки во НБА лигата.