• Саше Љолес
Малик Бизли повеќе не е цел на федералната полициска истрага за наводно нелегално обложување на спортски натпревари.
Неговите адвокати, Стив Хани и Мајк Шахтер, потврдија за „ESPN“ на 22 август дека тој повеќе не е предмет на истрага од Федералното обвинителство за сточниот округ на Њујорк.
Адвокатите изјавија дека имале обемни разговори и состаноци со обвинителството на државата Њујорк и добиле гаранции дека Малик Бизли повеќе не се смета за цел на истрагата.
Да потсетиме, на 29 јуни беше објавено дека Малик Бизли е под истрага од федералните власти поради коцкање и обложување на сопствени натпревари во НБА лигата.
Поради тоа, му пропадна договорот со Детроит Пистонс, кој требаше да биде тригодишен и вреден околу 42 милиони долари.
Како што пишува „ESPN“, голем број тимови се интересирале за состојбата на Малик Бизли во последните неколку недели, така што целокупниот случај не треба да има негативни последици врз неговата кариера.