• Иван Димовски
Сагата околу американскиот кошаркар Џонатан Мотли заврши, тој ќе се врати и ќе заигра за Хапоел Тел Авив. По неколкумесечна сага првиот човек на израелскиот клуб Офер Јанај потврди дека Мотли ќе заигра за Хапоел.
„Горди сме што можеме да објавиме дека Џонатан Мотли се врати во клубот. Сакаме да му посакаме добредојде и уверени сме во неговата полна посветеност кон Хапоел. Џонатан е одлучен да продолжи таму каде што застана. Се радуваме за неговиот придонес и веруваме во заедничкиот пат“, изјави Офер Јанај, сопственикот на клубот.
Првично Мотли „изчезна“ од Тел Авив, никој во клубот и не знаеше каде се наоѓа. Потоа имаше шпекулација дека прифатил да потпише со Црвена Звезда, а ФИБА му наложи дека мора да се врати во Хапоел.
Мотли на стартот на сезоната со Хапоел во Еврокупот бележеше одличен просек од 17,5 поени, а во домашното првенство имаше 15,5 поени.