Крај на кошарката и во Грција, Панатинаикос прогласен за шампион

Грчкото кошаркарско првенство и официјално го доби предвремениот крај, а Панатинаикос е прогласен за првак. На денешниот состанок меѓу клубовите и федерацијата едногласно е донесена одлуката дека нема услови да се продолжи натпреварувањето. 

Популарниот ПАО беше лидер на табелата со 18 победи и само два порази, додека второпласиран беше АЕК, а подиумот го комплетирапе Перистери

Оваа сезона нема да има релегација од првата лига, па своите места ги спасија ПАОК и Арис, а идната година ќе има плус две екипи во елитата. 

Гигантот од оваа земја, Олимпијакос отстапи од првенстовот на Грција поради несогласувања со федерацијата, па останува да видиме дали ќе дојде до пресврт и идната повторно ќе се појави на домашната сцена.