• Саше Љолес

Македонскиот кошаркарски прволигаш, Феникс 2010, објави дека искусниот Бојан Трајковски официјално ја завршува својата кариера, а тоа би можело да се случи на третиот натпревар од четвртфиналната серија против Работнички.
Високиот кошаркар ќе настапи за својот тим кој има негатива од 2-0 против избраниците на Горан Самарџиев, па доколку Работнички слави, тоа значи дека за Феникс завршува сезоната и Трајковски официјално ќе стави крај на неговата богата кариера.
Од клубот ги повикаа сите искрени љубители на кошарката да дојдат во салата „Јане Сандански“ и да го поздрават Трајковски, кој во својата кариера освои пет тиули во домашното првенство, шест трофеи во Купот на Македонија, една титула во косовскиот шампионат и трофеј во БИБЛ лигата во 2015 година.
Бојан Трајковски беше и долгогодишен репрезентативец на Македонија, a во клупската кариера ги бранеше боите на Балкан Стил, Работнички, Торус, Фени Индустри, Лирија, Чарни Слупск, Сигал Приштина, Куманово, Карпош Соколи, МЗТ Скопје, Гостивар, Кожув, Пелистер и Феникс 2010.