Крај на една успешна ера, Џејмс Нанели замина од Партизан

Управата на белградскиот гигант, Партизан, официјално се збогува со Американецот Џејмс Нанели, кој го напушта тимот после две сезони во „црно-белиот“ дрес. 

„Му благодариме на Нанели за неговиот придонес во клубот. Тој беше еден од милениците на нашите навивачи и останува неизоставен дел од нашата историја. Џејмс, ти посакуваме многу среќа и од срце ти посакуваме успех во натамошниот дел од кариерата“, стои во соопштението. 

Нанели во Партизан одигра феноменални партии, а минатата сезона просечно бележеше 9,5 поени, 2,3 скока и 2,8 асистенции по натпревар.