Крај на една ера: Браќата Гасол веќе нема да настапуваат за Шпанија!

Гасол Марк Пау

Поразот од Соединетите Американски Држави во Токио е последниот натпревар на кој Пау и Марк Гасол се појавија во дресот на репрезентацијата на Шпанија.

Славното братко кошаркарско дуо ќе замине во заслужена репрезентативна пензија. Тоа ќе го направи со 20 одличја во заедничките настапи.

За нијанса поуспешен е постариот Пау кој има два медали повеќе во однос на својот брат. Фановите се простуваат со двајцата кошаркари кои одбележаа една фантастична ера во шпанската кошарка.

41-годишникот, кој ланската сезона ја мина во Барселона, сериозно ќе размисли што ќе прави понатаму. Засега не отпишува да се врати, но поверојатно е дека ќе му каже збогум на кошарката.

Пет години помладиот Марк ќе се врати во Лос Анџелес Лејкерс и во сезоната 2021/22.