Крај на една ера: 76ерс после осум децении заминуваат од Филаделфија?

Франшизата на Филаделфија 76ерс наскоро би можела да го напушти овој град и да ја прекине традицијата започната во далечната 1946 година, јавуваат американските медиуми. 

Управата доби понуда во иднина своите мечеви да ги игра во Њу Џерси, поточно во градот Кемден, кој е всушност оддалечен само петнаесетина минути од Филаделфија, но сепак, тимот би можел да настапува во друга сала, а тоа воопшто не им се допаѓа на многубројните навивачи. 

Договорот со „Велс Фарго Арената“ трае до 2031 година, но клубот од 2020 година никако не може да добие дозвола за изградба на нова сала, па затоа можно е да се пресели во новиот објект во Кемден. 

Од државата Њу Џерси веќе најавија дека 76ерс би добиле кредит од 400 милиони долари, со кои би се финансирал голем дел од изградбата на новата сала, а додека траат градежните работи, тимот најверојатно ќе се натпреварува во Кемден. Филаделфија е трикратен освојувач на НБА лигата, а последен пат ја освоија титулата во далечната 1983 година.