• Сашо Поповски

Искусниот плејмејкер Кајри Ирвинг неколку дена е во центарот на вниманието на НБА јавноста.
Медиумите шпекулираа дека тој би можел да си замине од Бруклин Нетс. Меѓутоа 30-годишникот одлучи да ја искористи опцијата и да игра уште една сезона во тимот од „Барклајс Центар“.
Тоа ќе му донесе 37 милиони долари во сезоната 2022/23. Нетси не сакаа да му понудат максимален договор за наредните четири години, а причина за тоа е неговото често отсуство од терените, поради повреди или одбивање да прими вакцина против ковид-19.
Лос Анџелес Лејкерс беше единствената екипа која беше заинтересирана за услугите на Ирвинг.