ВИДЕО: Крадец се маскира во новинар и ги ограби играчите на Химки

Екипата на Химки Москва ја загуби финалната серија против ЦСКА Москва во рамки на ВТБ-лигата, а кошаркарите нема по добро да го паметат последниот меч затоа што останаа и без своите лични работи.

Неидентификувана личност влегла во соблекувалната на Химки, па ги украла сите вредни работи на кошаркарите. Се работи за момче, кое се „маскирало“ во новинар, па дошло до пристап близу соблекувалните.

Момчето имало акредитација, па се му било полесно. Полицијата ги проверила сите медиумски куќи, но тој не членува во ниту една. Полицијата веќе има фотографии и видео-материјал, а најавена е истрага.